Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостуваат Илија Димовски, Љупчо Зиков и Газменд Ајдини каде се дебатира и за отворањето на Уставот и влесување на Бугарите во него.
Според Зиков, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кокетирал со јавноста околу внесувањето на Бугарите во Уставот.
„Тоа е едно топло-ладно изјави на таа тема, кокетирање со јавноста со дневната политика. За жал ВМРО-ДПМНЕ тоа прашање за отворање на Уставот наместо да го трансформираше кое ќе биде за европската иднина на Македонија, за сите да се најдеме во тоа и да влеземе во таа процедура конечно веќе еднаш, тој оди на тоа дневно политички да го игра со рејтингот“, вели Зиков.
Димовски пак вели дека Бугарите во Уставот е само отворање на пандорината кутија.
„Не е само Бугарите во Уставот, ве молам погледнете го протоколот потпишан од Никола Димитров како МНР, ве молам погледнете го протоколот од Бујар Османи како МНР. Таму има десетици и десетици поболни условувања за кои ние сме ставиле парав дека ќе ги исполниме“, вели Димовски.
