Поладниот период од годината со себе носи разни болести и инфекции. Децата кои живеат во колективи се особено подложни на нив. Ова не е неочекувано бидејќи најмалите се уште го градат својот имунитет.
Доколку сакате да се обидете да го зајакнете имунитетот на вашето дете на природен начин, прво почнете од сопствената кујна. Постојат намирници кои се богати со супстанции кои ќе му помогнат на детскиот организам да се одбрани од вируси и бактерии.
Слатки компири
Слаткиот компир е богат со влакна, калиум и витамини. Освен што е вкусен, го зајакнува имунитетот.
Урми
Урмите помагаат во стимулирање на имунолошкиот систем, го намалуваат воспалението и ги регулираат хормоните. Тие содржат фитонутриенти, растителни соединенија кои имаат повеќекратни здравствени придобивки.
Цитруси
Полни со витамин Ц, агрумите како што се портокалите, лимоните, лиметите, грејпфрутите и клементините даваат одлична поддршка за имунолошкиот систем.
Цвекло
Цвеклото е богато со влакна, поради што е одлично за здравјето на дигестивниот систем. Помага во борбата против болестите и го зајакнува имунолошкиот систем.
Репка
Одличен додаток на јадења на лажица го зајакнува имунитетот. Содржи витамин Ц и аскорбинска киселина, која е моќен антиоксиданс кој му помага на телото да се одбрани од странски патогени.
Кисела зелка
Нема сомнеж дека многу луѓе едвај ја чекаат зимата поради кисела зелка. Иако не им е омилена состојка на јадењето на децата, ќе им користи доколку со сармата изедат ситно сечкана кисела зелка. Освен што го зајакнува имунитетот, поволно делува и на варењето, срцето и циркулацијата на крвта.
Боровинки, печурки, ѓумбир, пиперки, брокула, лук, спанаќ и киви, исто така, се покажаа како корисни за зајакнување на имунитетот на возрасните.
