Златко Калински се враќа од пензија – ќе има емисија посветена на СП во Катар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Познатиот спортски коментатор Златко Калински се враќа од пензија со свое подкаст шоу – „Тоа е фудбалот“.

Тој најави емисии посветени на Светското првенство во Катар 2022 година, што треба да започне крајот на месец ноември.

Фановите ќе имаат можност емисиите да ги гледаат на Фејсбук.

Калински работеше 42 години како спортски коментатор и во својата кариера водел преку 2100 преноси во живо од разни спортски настани.