Златко Марин се кандидираше за втор мандат за градоначалник на Аеродром

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска и официјално во просториите на ОО СДСМ Аеродром ја достави кандидатурата за уште еден
мандат.

Тој им се заблагодари на членовите во сите месни одбори кои му ја дадоа поддршката за нов градоначалнички мандат.

„Во првиот мандат како градоначалник на Општина Аеродром ми беа потребни многу труд, време и енергија да се согледаат низата пропусти, аномалии, а воедно и
да се постават вистинските цели, визии како и главната мисија со која веќе се промовираме како Општина лидер во земјата и во регионот со сигурна европска иднина. Затоа, гледам многу причини заедно со жителите на Општина Аеродром да продолжиме да го одиме овој пат“, изјави градоначалникот Марин.

Тој потенцира дека општ е впечатокот дека жителите на Аеродром чувствуваат позитивни поместувања во текот на овие четири години во насока на градење современа општина.

„Да не го занемариме фактот дека и покрај пандемијата,
Општината успеа да реализира огромен број проекти од сите сфери клучни за подобар живот на граѓаните“, рече Марин.

Секоја година се делат субвенции за набавка на инвертер клими и велосипеди, а за уште почиста животна средина се засадени околу 15 илјади садници од различен вид, а главната цел е да се стигне до бројка од 100 илјади, односно за секој жител по една садница. Исто така, Општината набави и прочистувачи за сите градинки со цел да осигураме чист воздух за нашите најмлади без оглед на објективните атмосферски
влијанија.

„Сето ова влијаеше на фактот, оваа година да има енормно намалување на загадувањето на воздухот коешто најмногу го почувствуваа жителите на Аеродром,
поточно беа само два до три дена во целиот зимски период кои можат да се сметаат за загадени“, посочува градоначалникот Марин.