Овен
Љубов: Интензивно размислувате за една личност и нетрпеливо чекате причина за нова емотивна средба. Изгледате шармантно.
Работа: Нема потреба да се занесувате со прекумерна доза на егзибиционизам, со цел да ја докажете вистината или супериорноста пред колегите.
Здравје: Не дозволувајте некој да ве поттикнува на деструктивно однесување.
Бик
Љубов: Некој ќе ве задоволи со емоционално внимание или соодветен подарок. Прифатете сè што ве поврзува со емоционално зближување.
Работа: Се наоѓате во креативна фаза. Околностите се во ваша корист, а брзата акција е услов за финансиска добивка.
Здравје: Зрачете со позитивна енергија.
Близнаци
Љубов: Додека изгледате безгрижно, вашиот партнер се обидува да ги открие вообичаените дилеми и индиректно го осудува вашето однесување.
Работа: Ги завршувате вашите обврски ефикасно и без многу врева. Останува на вас да ги почитувате дадените рокови.
Здравје: Во одлична психофизичка форма сте.
Рак
Љубов: Ги насочувате вашите емоционални желби кон погрешна личност. Погледнете назад и насмевнете се во друга насока.
Работа: Важно е да се прифати нечиј совет. Непотребно привлекувате внимание кон себе ако не пружите нечија поддршка.
Здравје: Ќе уживате во повеќе часови здрав сон, обрнете внимание на вашите соништа.
Лав
Љубов: Нема причина да критикувате личност до која не можете да дојдете со вашиот глас. Избегнувајте теми или прашања што ја иритираат вашата сакана личност.
Работа: Успехот не може да се постигне без нечија поддршка. Не бидете премногу оптимистични во врска со вашите опции.
Здравје: Посветете го вашето слободно време на омилено хоби, ќе уживате во релаксација.
Девица
Љубов: Кога ќе се сретнете со сакана личност, инсистирајте на „емоционално зближување“. Препуштете се на вашата емоционална инспирација.
Работа: Успехот подразбира продолжена соработка, треба да преземете контрола во одлучувачки ситуации.
Здравје: Важно е да чувствувате позитивни стимули и креативна енергија.
Вага
Љубов: Очекувате саканата личност да преземе заштитна улога, особено кога сте во чувствителна психолошка фаза.
Работа: Оптоварени сте со разни обврски и полека ја губите доминацијата во друштво на колегите. Треба да ги надминете недоразбирањата.
Здравје: Избегнувајте конфликтни ситуации, одржувајте смиреност.
Шкорпија
Љубов: Средбата со една личност изгледа заморна, па затоа барате различни изговори. Сепак, вашето однесување остава лош впечаток.
Работа: Подобро е да се почитува список на деловни приоритети отколку да се преземаат ризици. Бидете разумни во проценката на вашите опции.
Здравје: Во вечерните часови ќе уживате во релаксација и прошетка.
Стрелец
Љубов: Анализирајте ја подетално личноста која ве поттикнува на емоционална несигурност. Некој ви поставува нова „емоционална загатка“.
Работа: Преокупирани сте со разни дилеми, но го завршувате вашиот дел од обврските на време. Нечија поддршка позитивно влијае на вашата самодоверба.
Здравје: Не дозволувајте некој да ве оптоварува психички.
Јарец
Љубов: Изразете ја емотивната страна на вашата личност. Не пропуштајте ја можноста да уживате во нечие друштво или романтична средба.
Работа: Кога се среќавате со колегите, треба да ги решавате споровите на разумен начин. Контролирајте ја вашата желба за доминација.
Здравје: Обидете се да го подобрите расположението, опуштете се.
Водолија
Љубов: Не можете да добиете сè што сакате во љубовниот живот, без оглед на „триковите“ што ги користите пред вашата сакана личност.
Работа: Ви недостасуваат дипломатија и такт во односите со колегите. Премногу вистина понекогаш може да ѝ наштети на соработката.
Здравје: Контролирајте ја импулсивната страна на вашата природа.
Риби
Љубов: Ограничете ги вашите емоционални желби и очекувања на „разумна мерка“. Не можете да ја промените одлуката на вашиот партнер.
Работа: Се однесувате самоуверено пред личност која ги тестира вашите знаења и професионални способности. Ви е грижа да оставите добар впечаток.
Здравје: Важно е да го балансирате разумот и чувствата.
