Двајцата кандидати за градоначалник на Кичево иако дојдоа во просториите на ТВ21, не се соочија меѓу себе. Всушност актуелниот градоначалник Фатмир Дехари не сакаше да се соочи. Тој прв влезе во студио и рече дека комуницира со сите, но само преку работа.
„Секој граѓанин се соочува со нашата работа и секако било тоа г. Лимани или било кој друг има право да зборува за работата која сме ја реализирале и јас комуницирам преку работа и со мојот против кандидат од ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Фатмир Дехари.
Независниот кандидат Фатмир Лимани емисијата ја следеше во друга просторија и чекаше ред за да влезе во студио. Кога влезе рече дека настојувал да се соочи со Дехари, но тоа не се случи.
„Настојував да бидеме заедно на ова дебатна емисија, сепак народот да не слушне и двајцата, да се соочиме со сите аргументи кои ги имаме, но сепак ќе оставиме на 17 октомври за тоа да одлучат граѓаните“, додаде Фатмир Лимари.
Прашан дали постои опасност Кичево во иднина да не го води албански кадар, Дехари изјави дека е убеден дека неговиот град и натаму ќе „дише„ на албански.
„И во 2021 година сметам дека граѓаните на Кичево и сите кои живеат таму, со оглед на тоа дека имаме нови коментари од сите заедници, оценувајќи го тоа што е опипливо и што го гледаат и кичевци ќе продолжат со праведно, добро и убаво владеење и во следниот мандат 2021-2025“, посочи Фатмир Дехари.
Од друга страна Лимани дошол во емисија со многу слики, преку кои ја покажуваше ненаправената работа од Дехари. И тој е убеден дека ќе победи и додаде дека и печалбарите се на негова страна.
„Сите тие печалбари кои доаѓаа овде и го поддржуваа Дехари, денеска ме подржуваат мене, тоа е прво. Сега 90% од турската заедница ме поддржува мене и тоа го докажува и ситуацијата на терен“, вели Фатмир Лимани.
И вечерва продолжува изборната дебата во „Клик Плус“, каде гости ќе бидат кандидатите за градоначалници на општина Бутел и Брвеница.
