Ризикот децата да бегаат од дома постои на која било возраст, а тоа не е поврзано со проблеми во семејството, бегањето од дома е повеќе за истражувачки причини. Ова го тврди психотерапевтот Миѓен Амзаи, кој вели дека децата или бегаат за нешто, односно имаат цел, или бегаат од нешто. Во порана возраст тие можат да бегаат во потрага по поголем простор за движење, додека во адолесценцијата сакаат повеќе слобода во својата фантазија, објаснува Амзаи.
„Децата не бегаат дури и кога имаат проблеми во семејството, не бегаат, дури се обидуваат да останат таму за да ја заштитат својата мајка, на пример ако има насилство во семејството, од различни причини. Децата сакаат да останат таму за да ја заштитат својата мајка, бегањето од дома не е поврзано со семејни проблеми. Бегаат на одредена возраст кога мислат дека не се разбрани, но инаку не, не бега од дома поради проблеми во семејството, само ако двајцата родители му направат заговор на своето дете и му се спротивстават, тогаш да, тогаш постои голема веројатност да постои овој импулс за бегство“, вели Миѓен Амзаи.
Во одлуката за заминување на децата од дома голема улога има начинот на комуникација со родителите и вниманието кое го добиваат од семејството, вели Амзаи. Децата сакаат да бидат слушнати и видени, додава тој.
„Ова прашање на бегство е манифестација на нешто што е оставено настрана многу порано, но никогаш не е доцна да се разговара со децата, особено со тинејџерите. Прво никогаш не им судете, каде бевте, со кого бевте. Значи тоа се случи, избега од дома, сега прашајте како се чувствува сега кога се вратил, дајте му до знаење дека се уште сте тука за нив без разлика на се, бидејќи без разлика какви и да се околностите, тој треба да разбере дека ние сме секогаш тука за нив“, додава Миѓен Амзаи.
Инаку, двете малолетни девојчиња, кои пред два дена избегаа од дома, беа пронајдени вчера. Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје ги презеде сите дејствија што се во нивна надлежност, соопшти директорот на овој центар Лиридон Бафтиу. Од Центарот како и психотерапевтот Амзаи апелираат до граѓаните да не споделуваат слики и неточни информации на девојчињата, бидејќи влијае на нивната стигматизација.
