Зошто младите си заминуваат од земјава?! – „Ако власта ни ја уби надежта, опозицијата ја закопа“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Политиката долго време им ја убива надежта на младите во Македонија. Ова е една од причините зошто тие својата иднина ја гледаат во европските држави, рече студентот Абедин Исмаили во емисијата „Пастел“.

„Ако оваа власт ни ја уби надежта, тогаш опозицијата ја закопа“, истакна Абедин Исмаили.

Студентот Ерен Али зборувајќи за недостатоците во образованието, рече дека младите во земјава преживуваат и дека не можат да ги изразат своите способности.

„Преживуваме на различни начини, бидејќи младите преживуваат во Македонија  и ова треба да го кажеме отворено без никакви прикривања на вистината“, вели Ерин Али.

Абедини вели дека заминувањето на младите од земјава не е тренд како што се вели.

„Не може да се оцени заминувањето н а младите од Северна Македонија како светски тренд. Иако е така, на пример ако младите си одат од Германија таму може да се нарече тренд без многу последици, бидејќи потоа германската држава тој недостиг од работничка класа но и од професионалци од различни профили го пополнува со луѓе кои ереално  во голем број ги има од балканските држави, како и  од нашата земја“, вели Абедин Исмаили.

Од Младинскиот образовен форум, базирајќи се на податоците од истражувањето спроведено заедно со Демократската фондација Вестминстер, велат дека незадоволството на младите вво земјава е резултат на тоа што не се вклучени во носењето одлуки.

„Незадоволството на младите во земјава е резултат на нивното невклучување во носењето одлуки и проценката дека нивната позиција не е задоволителна. 65% од младите не се задоволни со нивната позиција во општеството, додека 35.4% сметаат дека земјава се движи во погрешен правец. Исто така на прашањето доколку им се даде можност дали би си заминале од земјава, 57.7% од анкетираните млади одговориле дека би си заминале“, додаваат од МОФ.

Најголем е интересот за Германија. Поради големиот интерес за визи, амбасадата на Германија во Скопје извести дека од февруари 2022 ќе се аплицира секој месец  преку лотарија. За таа цел, во февруари ќе се отвори за прв пат

Нова листа за регистрација која ќе биде отворена постојано подолг период. Потоа, по случаен избор, со помош на компјутерски генератор на принцип на лотарија, од сите регистрирани ќе бидат извлечени тие на кои ќе им се даде термин за март 2022.