Веќе 4 дена претседателот на Собранието, Талат Џафери не дава изјава за барањето со 35 потписи од пратеници за свикување на вонредна седница со што повторно би се свикало Собранието кое беше распуштено во февруари. Изјавите на Џафери беа дека не може да се свика Собранието кое веќе е распуштено. Од неговиот кабинет и денеска ни рекоа дека немаат никаков одговор во врска со барањето на пратениците. Правните експерти мислат дека ниту на претседателот на Собранието не му лесно да донесе одлука.
Како професор по уставно право Јусуф Зејнели како и професорот Гордан Калајџиски тврдат дека нема никаква правна пречка Собранието повторно да се свика, меѓутоа се поделени во врска со тоа дали треба да се направи тоа или не. Калајџиев смета дека Собранието треба да се свика повторно бидејќи актуелната техничка влада има ограничен мандат а препораките на Европскиот совет бараат секоја држава да обезбеди минимална контрола на Собранието врз Владата. Затоа смета дека Собранието треба да се свика и без одлука на претседателот на Собранието.
Бидејќи веќе два пати е прогласена вонредна состојба, професорот Зејнели не гледа причина а свикување седница, а донесените одлуки сега може да се оправдаат со следниот парламентарен состав по изборите.
Во четврток на иницијатива на СДСМ се собраа 35 пратенички потписи за свикување вонредна седница за потврдување на двете одлуки за вонредна состојба. Се потпишаа пратениците на сите парламентарни партии, освен пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
