„Зошто некој би палел за да гради?“ – стари бараки изгореа кај Рампа, за среќа нема повредени ниту жртви

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Стари бараки за кои има маркица за градба кај Рампа во Кисела Вода, попладнево изгореа во пожар, а причината е…

„Диво вселени граѓани кои се причинители за самиот пожар. Во моментов она што го имаме  како информација, а во текот на денот дополнително ќе се произнесеме дека има сопственик на бараиките и земјиштето. Има ДУП кој има важност, не гледам кои би биле причините некој сам да си го пали земјиштето за да гради, доколку може да го сруши истото па да гради, мислам да поднесе барање за докумантација и слично“, изјави градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.

По пријавата, пожарникарите брзо реагираат, но ги дочекува пожар во разгорена фаза. 6 возила и 20 пожарникари освен со пожарот, за да пристапат прво требаше да се справат со непрописно паркираните возила на станарите.

Брзата интервенција ги спречи пламените јазици да ја зафатат станбената зграда и останатите дуќани.

„Станува збор за дел од напуштен објект, дел порано биле работни простории. Она што ни беше кажано дека престојувале тука бездомни лица, од она што можевме првично да најдеме, немаше лица внатре, нема повредени, што е најбитно во целата интервенција така што брзо и успешно е реализирана интервенцијата од колегите“, вели Звонко Томевски, командант на ТППЕ на Град Скопје.

Опожарени се 300 квадратни метри, а во нецела година ова е трет пожар. Прво гореа поранешните судски бараки во Градски парк, потоа објектите во фабриката „Треска“ и сега овие бараки.