Претседателот на Собранието Талат Џафери тврди дека нема уставна можност еднаш распуштен парламентарен состав, повторно да биде свикан и вратен во собраниските клупи.
Како што вели тој, само граѓаните можат повторно да го свикаат собранието и никој друг.
Тој нема да ја прифати иницијативата на СДСМ на која се потпишаа 35 пратеници и со која се бара да биде свикана собраниска седница за да се потврди прогласената вонредна состојба од страна на претседателот на државата Стево Пендаровски.
Џафери вели дека такво нешто не е можно и порача дека доколку има некаков обид за свикување на седница без одлука на претседателот на Собранието, тогаш тоа ќе претставува државен удар, односно пуч.
