Зошто сѐ уште не го испратиле до Владата?! – Алијанса/Алтернатива сѐ уште не го подготвиле законот за државјанство

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Албанската опозиција се уште не го подготвила текстот за законот за државјанство. Помина речиси една недела од последната средба во Собрание, но текстот се уште не е доставен до Влада.

„На вчерашната седница не било дискутирано за ова прашање и во моментот на дискусија или кога ќе пристигне информацијата  во Влада, да се отвори седница и ќе се дискутира и ќе се донесе одлука. За ова јавноста ќе биде информирана навремено“, посочи Мухамед Хоџа, Портпарол на Влада.

Се обидовме неколку пати да контактираме со пратеничката, Илире Даути од коалицијата АА-ААА, за да ја прашаме до каде е Законот за државјанство, но не добивме одговор. Во меѓувреме, лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, веднаш по средбата со Заев изјави дека законот ќе биде наскоро готов.

„Се надевам наскоро, следната недела или во почетокот на неделата ќе излеземе повторно со наш конечен став, со финалниот текст и  вие како новинари и јавноста преку вас и ќе дознае за кои прашања се договоривме“, Зијадин Села, лидер на АА.

На последниот состанок, Заев, Села и Гаши се договорија опозицијата да го состави законот и да го достави до Влада. Откако ќе се договорат, законот треба да се достави до Собрание како заеднички предлог на двете парламентарни групи или Владата да го достави во Собрание со европско знаменце.