Зошто се заборавени учениците Албанци од Чашка? Тие сѐ уште не можат да следат настава на мајчин јазик

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Учениците Албанци од Чашка, Велес и натаму наставниот процес го следат на македонски јазик бидејќи нема албанска паралелка. Барањата на родителите и учениците за отворање албанска паралелка од пред една година се соочија со протести од лица кои беа против оваа идеја. Како што изгледа, овој протест влијаеше, бидејќи се уште ништо не е преземено овие ученици да учат на свој мајчин јазик. Градоначалникот на општина Чашка вели дека е ЗА идејата учениците да учат на мајчин јазик и вели дека за тоа разговарал и со министерката за образование Мила Царовска.

За разлика од градоначалникот, министерката за образование, Мила Царовска рече дека ова прашање треба да се постави на локално ниво.

За допрецизирање на прашањето, на министерката и’ испративме прашање и во писмена форма, но одговор не добивме. Овие ученици Албанци кои учат во училиштето “Тодор Јанев“ во Чашка најмногу се од Бањица. Најблиска албанска паралелка има во Јаболчиште но до таму има 33.6 км пат. Отворањето албанска паралелка во Чашка би го решило проблемот на многу селани Албанци од околината кои би добиле училиште кое ќе биде блиску за нивните деца да учат на својот мајчин јазик.