„Одамна завршив јас и ВЛЕН“, изјави министерот Фатмир Лимани, ставајќи до знаење дека повеќе не е дел од ВЛЕН, но дека и понатаму ја извршува министерската функција на која беше именуван токму од оваа коалиција, пишува ТВ21.
Во исто време, и заменик-претседателот на Владата Арбен Фетаи, кој со месеци не се појавува на работа, продолжува да ја извршува функцијата на која беше назначен.
И двајцата функционери се именувани од ВЛЕН, но се поставува прашањето дали ќе бидат разрешени од позициите. Ова беше прашањето што му беше поставено во емисијата „Клик Плус“ на претседателот на ВЛЕН, Билал Касами, кој изјави дека „имало министри кои не биле дел од ВЛЕН, имале недоразбирања или недостаток на комуникација и со ВМРО, но и во рамките на Владата, и за кои се разговарало дека ќе бидат сменети при првата реконструкција“.
„Имаше одредени министри кои имаа несогласувања со пратеници и со членови на парламентарното мнозинство“, изјави Касами.
