133 години од првата училница на албански јазик – опозицијата критикува, власта се фали

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денес е 7 март, денот на албанските наставници, но Алијанса за Албанците смета дека овој датум ја нема истата големина и во Северна Македонија. Портпаролката на Алијанса за Албанците вели дека учениците Албанци се уште не го уживаат правото да учат на мајчин јазик.

„Празникот на албанското образование би имал повеќе смисла ако денес, по 133 години од отворањето на првата училница на албански јазик во Корча, немаме ученици чие право за учење на албански јазик е скратено. И ова е уште повеќе навредливо кога Албанец раководи со Министерството за образование, додека учениците од Чашка, Идризово и Битола сè уште не го остваруваат правото за учење на албански јазик, додека учениците од Блаце се принудени  да патуваат по неколку километри во соседната земја“, посочи Илире Дауи.

Но, од Министерството за образование и наука велат дека се посветени на подигнување на квалитетот на образованието со донесување на Закон за наставници и стручни соработници.

„Министерството за образование и наука, предводено од Арбр Адем, презеде неколку чекори кон дефинирање на улогата на образованието во образовниот процес. Минатата година беше донесен Закон за наставници и стручни соработници, кој содржи неколку компоненти. За прв пат е обезбеден напредок како ментор и советник. Со нивниот напредок во кариерата тие ќе имаат уште поголеми приходи“, вели Сафет Незири.

За одбележување на 7 март, Институтот за културно и духовно наследство организираше научната трибина.

Инаку пред 133 години во Корча е отворена првата училница на албански јазик од Пандели Сотири, Петро Нини Луараси, Нучи Наци и Тома Аврам.