ЕУ го забрани користењето на пластика, ќе се заштити ли природата од отпадот?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европската унија постигна договор за забрана за користење пластика за еднократна употреба како што се пластичните чинии и сламки, објави австриското претседателство.

Сојузната австриска министерка за одржливост и туризам, Елизабет Кестингер, во објава на Twitter напиша дека договорот е постигнат и го опиша како превсвртница во напорите да се намали пластичниот отпад. Повеќе од 80% од отпад во океаните отпаѓаат на пластиката, наведе тогаш Комисијата.

Пластичниот отпад е посебен проблем во светските мориња и океани затоа што бавно се распаѓа и трагите од него често се пронаоѓаа во морските птици и животни кои се пронаоѓаат мртви по плажите како што се желките, китовите и сл., како и во морските плодови кои ги консумираат луѓето.