Филипче: Останува истиот режим и понатаму – при влез во Македонија задолжителен ПЦР тест

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче за ТВ21 истакна дека нема да биде укинат задолжителниот негативен ПЦР тест за соседите кои ќе влезат во земјава.

„Останува истиот режим и понатаму, да се бараат тестови. Епидемиолошката ситуација во земјите од регионот го налага тоа“, изјави Филипче за ТВ21.

Имено, при влез во Македонија граѓаните на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина задолжително мораат да приложат негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.