Фрлал со шишиња во ресторан во Демир Капија и повредил три лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 19.01.2019 година во 00.20 часот Полициската станица Неготино, С.И.(25) од Демир Капија пријавил дека во ресторан во Демир Капија лицето А.Ј. го нарушил јавниот ред и мир. Тој фрлал шишиња и други предмети во ресторанот, при што повредил три лица. По целосно документирање на случајот, против А.Ј. ќе биде поднесен соодветен поднесок.