Могерини: Решавањето на спорот за името е една од добрите вести за ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини порача дека министрите ќе го поздрават историскиот успех што постигнаа двете страни со Преспанскиот договор, и рече дека решавањето на овој спор е добра вест за ЕУ.

-Мислам дека сите ќе бидат среќни што ќе можеме да започнеме со нешто постигнато после толку работа, благодарение на импресивното лидерство, храброст и одлучност на лидерите и на народите на двете земји, изјави шефицата на европската дипломатија.