По 20 часа неизвесност, таткото го најде синот, болницата го згрешила името при регистрација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Цела вечер талкал по ходниците на скопските болници за да дознае каде е неговиот син и дали е жив.

Таткото на Селам Реџепи немаше никаква вест за неговиот син. Се смирил кога на списокот на починатите не го прочитал името на синот. А, денес, 20 часа по несреќата, дозна дека неговиот син е евидентиран со погрешно име и е хоспитализиран во болницата „8 Септември“.

„Вчера бевме до два часот по полноќ. Никаква вест. Чекавме во ова болница и на крај ни рекоа дека до утре нема да никаква вест. Видовме дека не е на списокот на починатите и се смиривме малку. Тој е информатичар, работи во американска фирма. Секој ден патуваше со овој автобус, веќе неколку години“, изјави Селам Реџепи – родител.

Новинарка: Дали порано имале некакви проблеми со автобусите?

Да, два три пати му пукнала гумата.

И денеска вака изгледаа ходниците на Градската општа болница „8-ми Септември“. Родители, роднини, пријатели ги слушаа имињата на нивните роднини за прв пат по нивното хоспитализирање во оваа болница.

И Јусуф Сефули вчера бил хоспитализиран во болницата „8-ми Септември“. Неговиот татко Азер Сефули вели дека со синот се слушнал по телефон и дека тој се наоѓа во добра состојба.

„Јас бев на работа и ми се јави неговиот најдобар другар дека мојот син имал сообраќајка. Патот беше блокиран и дојдовме преку Радуша. Дојдовме тука и мојот син беше на списокот. (19). Тој доаѓаше дома, студира архитектура и е прва година“, изјави Азер Сефули – родител.

Инаку во оваа болница се хоспитализирани 37 пациенти, четири се на интензивна нега, а 33 се во стабилна состојба.

РЕПОРТЕР: АРБАНА Ќ. КЛИМЕНТА