По констатираната смрт веднаш започнат е процес на епидемиолошка анкета со сите медицински лица кои претходно неколку недели имале контакт со починатата пациентка, позитивна на коронавирус.
Пациентката која починала денеска, претходно два пати била тестирана на коронавирус, но и двата тестови биле негативни. Синоќа нејзината состојба се влошила по што починала, по тоа земен е брис за нов тест, кој бил позитивен.
Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва на прес конференција информираше дека се врши епидемиолошка анкета по што ќе се одлучи како ќе се постапи со медицинскиот персонал.
Ова е прва жртва на коронавирусот во Македонија. Во Македонија регистрирани се 114 лица позитивни на коронавирусот, од кои едно лице е во критична состојба.
Дебар и Центар Жупа се во карантин и забранет е влез и излез од општината.
