Преспанскиот Договор, настан на годината на Западен Балкан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според анализата за Западен Балкан, на веб страната Тинк Тенк, Центар за Современи политики во Белград, Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција е настан кој ја обележа 2018. “Договорот кој беше потпишан од министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас, на 17 јуни, се смета за најважниот настан на годината.

Договорот стави крај на спорот за името и обезбеди, земјата со име Република Северна Македонија да нема пречки на евроатланскиот пат“, се вели во анализата.

Освен Преспанскиот договор, акко настан на годината издвоени се и објавувањето на Стратегијата за проширување на ЕУ, извештаите на Европската комисија за секоја држава, обележувањето на почетокот на преговорите со Македонија и Албанија за 2019, Самитот во Лондон, либерализацијата на визите за Косово, изборите во Босна и Херцеговина, Резолуцијата на Европскиот парламент за Западен Балкан, отворање на поглавјата со Србија и Црна Гора и дијалогот меѓу Приштина о Белград.