Протести против Договорот од Преспа во Грција, тензии меѓу граѓаните и полицијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Група граѓани протестираа против Договорот од Преспа во Птолемаида, Грција, па посетата на министерката за цивилна заштита нa Грција, Олга Геровасили на Птолемаида, во Северна Грција помина со инциденти и тензии меѓу полицијата и насобрана група граѓани.

Според локалните медиуми, едно лице со повреди на главата било пренесено во болница, а биле повредени и четворица полицајци.

„Македонија е грчка“, „Ципрас, предавнику“ извикувале насобраните граѓани, објавуваат локалните медиуми.

Министерката за протестот напишала на Фејсбук дека на поканата на радикалните десничари се огласиле само 15 лица и пратеникот од Златна зора, Христос Папас.