Македонија има светски шампион: Марко Џорлев освои злато на Светското карате првенство во Полска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонскиот каратист Марко Џорлев од Штип стана светски шампион, освојувајќи златен медал на Светското карате првенство за кадети, јуниори и У-21, кое се одржува во Бјелско Бјала, Полска.

Џорлев, кој настапува за македонската репрезентација, во финалната борба го совлада Унгарецот Адам Ваги со резултат 4:1 и се искачи на светскиот врв.

Неговите тренери Сашко и Жарко Арсовски од Карате клубот „Штип“ го прославија историскиот успех со порака дека Македонија и Штип имаат светски шампион.