Алармантни се податоците кои ги покажуваат мерните станици за квалитет за воздухот. Синоќа Скопје беше 5-ти најзагаден град во светот, а прв во Европа.
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), на листата на десетте најзагадени градови во Европа, пет се на Балканот, од кои три се од Македонија – Скопје, Тетово и Битола, следи Тузла (Босна и Херцеговина) и Плевља (Црна Гора).

Ништо подобра не е состојбата во другите градови од Македонија. Во четвртокот во Битола против високото аерозагадување се одржаа и протести пред Општина Битола.
