„Со голи раце го кренавме автобусот за веднаш да почнеме да ги вадиме повредените“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Трагедијата која денеска се случи на автопатот Скопје – Тетово и траорната слика која ги дочека првите граѓаните кои пристигнаа на местото ќе ја паметат засекогаш.

Разговаравме со екипите на противпожарната бригада, но и со граѓаните кои први пристигнале на местото, тие не сакаа да зборуваат многу но ни открија дека кога пристигнале автобусот бил прертен.

Автобусот подоцна со багер беше превртен со цел целосно извлекување на повредените и загинатите лица (Фото: ТВ21)

„Автобусот беше превртен, лелек и плач се слушаше од сите страни. Со голи раце го кренавме автобусот и сакавме да го превртиме за да почнеме да им помагаме на повредените. Оваа слика која денеска ја видов нема никогаш да ја заборавам“, ни рече еден од првите кои пристигнале на местото на несреќата.

Врз седум лица кои загинале во денешната страшна несреќа на автопатот Скопје-Тетово е наредено да се направи обдукција, која ќе треба да покаже која е причината за смртта на овие патници.

Голем дел од повредените се сместени во болницата „8-ми септември“ од каде потврдуваат дека хоспитализирани биле 32 лица.

По хоспитализирањето во болницата, починаа уште 5 лица од кои како што дознава ТВ21, 4 се мажи и 1 е жена.

Службите ги пренесуваат повредените и загинатите патници (Фото: ТВ21)

Од Основното јавно обвинителство Скопје претходно информираа дека покрај обдукција на починатите, ќе биде издадена наредба и за вонреден технички преглед на автобусот на компанија „Дурмо турс“.

Трагедија на автопатот Скопје – Тетово, 13 лица загинаа во тешка автобуска несреќа

Трагедија на автопатот Скопје – Тетово, 13 лица загинаа во тешка автобуска несреќа. Репортерските екипи на ТВ21 се на терен, известуваме во живо!

Gepostet von TV21 am Mittwoch, 13. Februar 2019