Тетово, полицискиот час го испразни градот – „Владата повеќе да се погрижи за сиромашните“, велат граѓаните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„30 минути пред полицискиот час, Тетово почна да се празни, малкумина граѓани можеа да се забележат по улиците, особено по последната информација дека бројот на заразени во овој град достигна 12. На улица сретнавме еден питач, кој малку пред 16 часот се надеваше дека некој ќе му даде некој денар за храна“, јавува репортерот на ТВ21 од Тетово.


“Сега само за јадење, ништо друго, ние сме големо семејство, затоа излегов“.

Таксистите велат дека до 15 часот во градот имало луѓе, а потоа многу малку.


На улица имаше и граѓани кои излегле да ги прошетаат своите домашни миленици.

За време на полицискиот час во Тетово можеа да се забележат само полициски возила.