Во Европа расте бројот на заразени – коронавирусот ја одложи неделната миса на папата во Ватикан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За првпат во историјата  неделната  молитва на папата ќе ја има само преку видео-стрим, без верници на плоштадот во Ватикан, поради корона вирусот.

Банката на федерални резерви на САД воведе карантин од 10 дена за доларите кои потекнуваат од Азија. Хотел во Кина, користен како карантин се урна. Фудбалерите на ПСЖ не го одиграа денешниот меч против Стразбур.

Се размислува за одложување на Евровизија, едно од сценаријата изведувачите да настапат во својата земја преку видео линк. 

Колегата Јовица Пауноски преку интерактивната мапа, ја покажува моменталната состојба со распространетоста на коронавирусот во светот.