Заев на Самитот на ЦЕИ во Загреб: Македонија е подготвена да ги продолжи позитивните процеси

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска учествува на Самитот на шефови на влади на Централно Европската Иницијатива во Загреб, чијшто домаќин е премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ.

На Самитот, чијшто фокус се изградбата на стабилност, просперитет и унапредување на соработката меѓу државите во регионот, Европа и светот, се претставници од 18 земји членки, меѓу кои и премиерите на Албанија и на Словачка, а на Самитот се присутни и еврокомесарот Јоханес Хан, претседателот на ЕБРД, Сума Чакрабарти, високи претставници на ОБСЕ и на Советот на Европа.

Премиерот Заев, во обраќањето испрати порака дека Република Македонија е подготвена да продолжи да ги предводи позитивните процеси во регионот што носат стабилност и економски развој.

„Македонија е подготвена да ја продлабочи и прошири соработката во регионот, низ добрососедски односи, и во овој контекст, постигнавме големи резултати. Ова се случи благодарение на подготвеноста и чувството на одговорност на земјите и политичките лидери во регионот. Но, подготвени сме да работиме на долгорочните интереси на регионот“ рече премиерот Заев.