1.000 затвореници учествуваа во гаснењето на пожарите во Калифорнија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Повеќе од 1.000 затвореници и 127 вработени во затворскиот систем во Калифорнија работеле во текот на ноќта за да го изгаснат пожарот, соопшти Калифорниското одделение за поправки и рехабилитација.

Затворениците се вклучиле во волонтерската програма за заштита и гаснење пожари, која соработува со противпожарната служба во Калифорнија, пишува НБЦ Њуз.

Пожарите предизвикаа голема штета во Јужна Калифорнија, оставајќи повеќе од 70.000 корисници на електрична енергија без струја.