Клековски за акцијата во здравствениот сектор: „Двојно фактурирање за операција на очи“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство, Сашо Клековски, сподели детали од денешната акција во рамки на истрагата за финансиски криминал во здравствениот сектор. Според него, утврдени се различни прекршувања, а најраспространетото се однесува на двојното фактурирање на здравствените услуги. Станува збор за операции на очи, чии трошоци првично биле покривани од Фондот за здравствено осигурување, а потоа плаќањето било барано и од самите пациенти. Клековски изјави дека тој ја иницирал истрагата, бидејќи предметната здравствена установа со години ги повторувала прекршувањата, без да биде соодветно казнета.

„Станува збор за здравствена установа која имасе повторувачки прекршоци со години, значи, не е еднаш, двапати, трипати. Туку постојано повторување на слични прекршоци за кои не било соодветно казнувана. Јас предложив на Комисијата за прекршоци да прифати да се раскине договорот со таа Здравствена установа за да се прекина ланецот на неказнивост. И истовремено побарав да се отвори истрага МВР заедно со Секторот за контрола на Фондот за здравство кој напорно работеше да се завршат сите работи. Беа вклучени и други, беа вклучени и ДСЗИ и Агенцијата за лекови и други установи за од сите аспекти да се затвори истрагата“, изјави Клековски.