10 години Фукушима – јак потрес од 9 степени проследен со цунами, 20 илјади луѓе загинаа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Јапонија денеска одбележува 10 години од замјотресот и цунамито кои однесоа близу 20.000 животи.

Десет години откако зрачењето принуди илјадници луѓе да ги напуштат своите домови во Фукушима, некои градови во регионот сè уште имаат потешкотии да се справат со прашањето како да се обнови животот во оваа заедница.

Имено, силен земјотрес проследен со цунами ја погоди Јапонија на 11 март 2011 година, разрушувајќи го градот и предизвикувајќи топење на нуклеарните реактори во Фукушима. Светот можеше да сведочи за хаотичната борба со најголемата нуклеарна катастрофа на светот по Чернобил.

Разорните бранови предизвикани од земјотрес со јачина од 9,0 степени го погодија североисточниот брег на земјата, убивајќи скоро 20.000 луѓе и уништувајќи ја нуклеарната централа Фукушима.

Повеќе од 160.000 луѓе мораа да се евакуираат од зрачењето. Некои во тоа време, вклучително и премиерот Наото Кан, стравуваа дека ќе мора да се евакуираат Токио или другите градови.

Владата потроши скоро 300 милијарди долари за обнова на регионот Тохоку, кој беше уништен од цунамито, но пристапот до областите околу нуклеарната централа Фукушима сè уште не е можен, зрачењето останува проблем, а многумина кои заминаа се населија на други места и останаа таму. Деактивирањето на нуклеарната централа ќе трае со децении и ќе чини милијарди долари.