10 мигранти од Египет пронајдени во автомобил кај Богородица, уапсен возачот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Десет мигранти од Египет биле пронајдени во патничко возило при полициска контрола во близина на Богородица, а 59-годишен државјанин на Латвија е лишен од слобода под сомнение дека ги превезувал.

Случајот се случил синоќа околу 22 часот во село Богородица, гевгелиско, каде што полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица извршиле контрола на патничко возило „Фиат Типо“ со скопски регистарски ознаки.

Возилото го управувал Р.С. (59) од Латвија, а при проверката полицајците во него пронашле 10 лица мигранти, сите државјани на Египет.

Мигрантите биле пренесени и сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Во меѓувреме, 59-годишниот Летонец бил предаден во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.