Околу 10 милиони евра тежи бескаматната кредитна линија која Владата планира да ја спроведе следниве денови. Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи вели дека со оваа линија се предвидува поддршка за микро приватните мали и средни субјекти, во секторите погодени од ковид кризата.
Освен кредитната линија исто така се предвидува Ковид 4 да може да премине во грант, вели министерот за финансии, Фатмир Бесими.
Пред се за тие претпријатија кои во 2020 имаа најмалку 30% пад на приходите. Директорот на Развојна банка, Кире Наумов рече дека оваа линија е наменета за барањата на субјектите од секторот на транспорт, гастрономија, туризам и индустрија на настани.
Најголемата сума на кредит која може да се добие од Ковид 4 изнесува 30 илјади евра, а минималната 3 илјади евра. Рокот за исплата е до 3 и пол години, вклучувајќи го овде и грејс периодот од 12 месеци. Висината на кредитот кој може да се добие зависи од падот на приходите на субјектот во 2020 споредено со 2019. Се аплицира онлајн почнувајќи од 15 јули. Јавниот повиик ќе трае 20 дена. Апликациите ќе бидат разгледани и ќе се одлучува според начелото “прв дојден, прв услужен“.
