Избувна пожар во фабрика во Јужна Кореја, евакуирани 7.000 работници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Околу 7.000 работници биле евакуирани денеска од подрачјето околу компанија за производство на хемикалии во градот Улсан, во Јужна Кореја, откако избувнал пожар.

Пожарот избувнал во 9:41 часот по локално време, по што противпожарните служби ангажирале околу 200 пожарникари и три хеликоптери за гаснење на огнот, соопштила Противпожарната управа на Улсан, пренесува „Јонхап“.

Сите 16 работници кои се наоѓале на местото на пожарот биле евакуирани. Засега нема информации за повредени или загинати лица.