10 нови смртни случаи од Ковид-19, од направени 1437 тестирања 137 новозаразени, најмногу активни случаи во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

25-годишниот Емир Усеини од Тетово ј ја доби битката со Ковид-19. Вели дека заразените не треба да кријат ако се позитивни, а сето тоа со цел да се заштитат себеси, но и другите.

-Јас мислам дека граѓаните не треба да го кријат вирусот од безбедносни причини, да не заразат некој друг, а и сите да бидат безбедни.
Пораката и снимките на Емир се направени од Амбасадата на САД во соработка со Министерството за здравство, со цел подигање на свеста на граѓаните и повеќе грижа. За разлика од вчера кога не беше регистриран ниту еден смртен случај, денеска за жал, Министерството за здравство известува за 10 пациенти кои починале како последица од Ковид 19-вели Усеини.

-Во последните 24 часа се направени 1437 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-7, Штип-19, Прилеп-1, Тетово-7, Струга-14, Велес-1, Битола-2, Охрид-5, Гостивар-6, Радовиш-2, Крушево-1, Демир Хисар-1, Свети Николе-3, Кичево -4-соопштија од министерството за здравство.

Починати се 10 лица, пет пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Тетово, Гостивар и Радовиш)

Покрај високите бројки во последниот период, Министерот за здравство, Венко Филипче, епидемиолошката состојба ја оцени како стабилна. Како што тврди тој, во болничките оддели има сѐ помалку пациенти, па затоа, како што уверува, нема потреба од нови ограничувања.