Претседателот на АА, Арбен Таравари пред медиумите ги претстави постигнувањата на партијата за овие 100 дена власт, истакнувајќи дека пред 100 дена земјава се наоѓаше во разни кризи а сега состојбата е многу подобра. Според него, претходно имаше висока корупција и земјава била парализирана а се надева дека до крајот на мандатот, довербата во правдата нема да биде како што е во моментов.
Но што велеше Таравари пред да стане дел од Владата? Тој на 17 август 2022 напиша дека државата се наоѓа на крстопат и на раб на провалија. А со тоа, тој бараше техничка влада и предвремени парламентарни избори.
„Овој предлог е над секој партиски концепт, дури и над самата партија бидејќи се наоѓаме не на раскрсница туку за жал на работ на провалија. Нема ниту минута време за политички игри или псевдо стратегии! Ковачевски треба веднаш да ги собере политичките партии и заедно со нив да собере и разум, додека партиите да се стават на фронтот на оваа работа што треба да се реши или сега или поинаку нема да има веќе место за ниедно решение, нема да има вода да го изгасне пожарот што ја изгоре цела земја“.
Што се однесува до предлогот на Ковачевски денеска на средбата со Мицкоски, доколку поминат уставните измени да се оди на избори, Таравари рече дека овој предлог тој го дал уште пред 5 месеци и нема ништо против тоа да се случи.
Според Таравари уставните измени се повеќе од потребни за земјава бидејќи доколку се случи Албанија да се одвои на патот кон ЕУ, земјава ќе се изолира како што се случи во 2008.
