Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, објави дека Советот на општината одобрил одлука со која секој ученик што ќе се запише во прво одделение во општина Тетово ќе добие ваучер од 100 евра.
Касами рече дека целта е да им се помогне на семејствата со трошоците што ги имаат во текот на образовниот процес.
„Младите ученици од основно училиште ќе добијат ваучери од 100 евра во денарска противвредност. Субвенцијата ќе важи за учениците кои ќе се запишат до 20 јуни, а ваучерите ќе бидат дистрибуирани на почетокот на јули оваа година “, рече Касами.
