100-годишен дедо прогласен за витез – собрал 33 милиони фунти за борба против коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Стогодишниот капетан Тома Мур вчера беше прогласен за витез од страна на кралицата Елизабета II.

Кралицата на овој начин му оддала почит и признание за искрениот британски дух и собирањето на милиони фунти за здравствените работници.

Ветеранот од Втората светска војна собрал рекордни 33 милиони фунти откако, во пресрет на неговиот 100-ти роденден, во месец април направил 100 круга околу неговата градина со помош на својата количка.

На терасата на замокот Виндзор, 94-годишната британска кралица му се насмеала на Мур и го допрела со витешкиот меч на двете рамена. Овој меч припаѓал на нејзиниот татко Принцот Алберт, кој подоцна станал Крал Џорџ VI.

Мур стана симбол на британската упорност во кризата со коронавирус и развесели многумина со ветување дека „сонцето повторно ќе блесне“.

„Никогаш не ни можев да замислам дека ова ќе ми се случи“, напиша тој на својот Твитер профил пред да добие признание.