ДУИ на 4 септември ќе излезе со последната листа со имињата на 18 кандидати за 18 општини во земјава, а до сега за уште еден мандат ќе го кандидираат Висар Ганиу во Чаир, Еркан Арифи во Липково, Теута Арифи во Тетово, Фатмир Дехари во Кичево, а во Арачиново одат со Ридван Ибраими.
Од Движење Беса за прв човек во Тетово ќе одат со лидерот на партијата, Биљал Касами, за Гостивар со пратеникот Фадиљ Зендели, за Теарце, Даут Мемиши и за Желино, актуелниот градоначалник Блерим Сејдиу.
ДПА во Желино го кандидира Медин Назифи, за Тетово Сади Беџети и за Струга Самир Муртезоски.
СДСМ во Арачиново ќе настапи уште еднаш со Миликије Халими, во Тетово со Хамдија Елезовиќ, во Бутел со Велимир Смилевски и за Град Скопје со Петре Шилегов, додека за Куманово се уште немаат име за кандидат.
