Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на коронавирус, од кои 116 се само во Скопје.
Активни случаи по општини во Скопје денеска:
- Аеродром – 675
- Карпош – 528
- Центар – 508
- Гази Баба – 437
- Кисела Вода – 413
- Ѓорче Петров – 287
- Чаир – 171
- Бутел – 157
- Илинден – 60
- Сопиште – 31
- Шуто Оризари – 28
- Сарај – 23
- Петровец –21
- Чучер Сандево – 15
- Арачиново – 10
- Зелениково – 9
- Студеничани – 9
Во моментов активни нераспределени случаи има 86, додека пак странци 22.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27199, бројката на оздравени пациенти е 18948, на починати е 934, а бројот на активни случаи изнесува 7317.
