12 лица ја изгубија битката со коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3082 тестирања, а регистрирани се 1128 нови случаи на ковид-19, додека пак 12 лица ја изгубија оваа борба.

„Починати се 12 лица, четворица пациенти од Скопје (63, 75, 44 и 68г), двајца од Битола (44 и 72г), еден од Куманово (70г), еден од Прилеп (59г), еден од Охрид (68г), еден од Струмица (76г),еден од Радовиш (58г) и еден пациент од Кичево (63г). Сите пациенти се починати во болнички услови“, велат од Министерството.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 37.499, бројката на оздравени пациенти е 22.835, на починати е 1096, а бројот на активни случаи изнесува 13.568.