12 војника убиени во напад извршен во централниот дел на Мали

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 12 војника се убиени во напад извршен во централниот дел на Мали, во близина на границата со Буркина Фасо, соопшти војската.

Нападната е воена позиција од заседа во Сокура, каде војниците загинале во експлозија на импровизирана бомба.

Војската наведува и дека се „убиени девет терористи“.

Централниот дел на Мали е често мета на насилство, особено од 2015 година, кога се појави џихадистичка група, предводена од припадник на етничката заедница Фулани.