124 казнети возачи во Центар и Илинден – 17 возеле под дејство на алкохол

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.01) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На териториите на Општина Центар и Општина Илинден изречени се вкупно 124 мерки, од кои 11 за брзо возење, 20 за возење без возачка дозвола, 4 за нерегистрирани возила, 17 за возење под дејство на алкохол и 6 за минување на затворен семафор (црвено светло).

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.