13 летови, 16 такси, 9 автобуси и 4 возови: Посета на седумте светски чуда за 7 дена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Британски авантурист постави нов Гинисов рекорд со тоа што ги посети сите седум светски чуда за помалку од седум дена, пишува Ројтерс.

Џејми Мекдоналд – ака Авантурист – го направи рекордното патување во март, почнувајќи од Кинескиот ѕид, преминувајќи ја Азија преку Таџ Махал до Петра во Јордан, а потоа се упати кон Рим за да го види Колосеумот.

Мекдоналд го премина Атлантскиот Океан во втората половина од патувањето, посетувајќи ја статуата на Исус Христос во Рио де Жанеиро и Мачу Пикчу во Перу, пред да ја заврши својата мисија во Чичен Ица, Мексико, за 6 дена, 16 часа и 14 минути.

36-годишникот од Глостер, Западна Англија, поминал вкупно 36.783 километри со 13 летови, 16 такси, 9 автобуси и 4 возови.