Нема подолги задржувања на граничните премини во земјава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, претежно по суви коловози.

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека интензитетот на сообраќајот надвор од урбаните средини е умерен. Нема подолги задржувања на граничните премини од македонска страна при влез и излез од земјава.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата што минуваат низ долини, речни долини и клисури, каде што постои можност од свлечишта.