Зеленски го критикува договорот меѓу Трамп и Путин за нафтата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го критикуваше договорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин за пласирање руска нафта на светскиот пазар.

Трамп во петокот претходно соопшти дека се договорил со Путин да ѝ дозволи на Москва да пласира на светскиот пазар неколку стотици илјади тони нафта од сега и во наредните месеци. Тој вети дека тоа веднаш ќе влијае врз намалувањето на цената.

Зеленски, пак, изјави дека ублажувањето на санкциите против Русија води кон продолжување на војната.

Тој порача дека „подароците за Путин не водат кон мир“ и дека Русија ќе возврати на ова со „дополнителен терор“.

„Овозможувањето на Русија да продава нафта е инвестиција во војната, која треба да заврши, а не да се продолжи“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.