Синоќа истече рокот кога партиите и независните листи за советници можеа да ги достават до Општинската комисија имињата на советниците за предвремените избори на 20 август за Советот на општината. До ОИК до полноќ своите кандидатури ги доставија 13 партии и независни листи.
Носители на листите на кандидати Албанци, според партии се следните:
ДУИ
-Фатон Амети
-Ветон Мурати
-Теута Абази
-Амет Реџепи
-Емин Велија
АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ
-Абдулах Османи
-Идила Пустина
-Арлинда Алити
-Вулнет Јакупи
-Блерјан Имери
ДВИЖЕЊЕ БЕСА
-Бесар Дурмиши
-Беса Кадриу
-Ука Алити
-Наим Исмаили
-Илзана Зеќири
АЛТЕРНАТИВА
-Фатон Селами
-Јусуф Абдули
-Мерхал Исмаили
„ПОДОБРО ЗА ТЕТОВО“
-Елмедина Абдулау
-Хамди Сулејмани
-Мерита Максути
ЛИСТА „ДАЈ ОТПОР“
-Агон Заими
-Висар Саити
-Саранда Колари
ДПА
-Висар Палоши
-Нгадњим Алили
Во трка за место во Советот на Тетово има и кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица, Интегра, Партијата за еманципација на Ромите и Партијата на Турците, кои веќе ги доставија своите листи за советници.
Аналитичарот Ќенан Алиу смета дека изборите се непотребни, бидејќи на крај повторно ќе треба да се формираат коалиции.
„Демократијата чини пари и овие избори за Совет на општина Тетово се непотребни и секако ќе го оштетат општинскиот буџет. Самоуправата бара сите субјекти да го гледаат интересерот на граѓанинот, занемарувајќи ги нивните политички интереси за дневни политички поени“, вели аналитичарот Ќенан Алиу.
Општинската комисија ќе треба да ги верификува советничките листи за тие потоа да станат официјални. Изборите за Совет во Тетово се организираат поради неизгласувањето на завршната сметка на општината, што пак е резултат на раскинувањето на договори меѓу градоначалникот на општината и листата „Подобро за Тетово“ за улицата „Страшо Пинџур“.
