Министерството за здравство информира дека пријавени се вкупно 13 починати лица од ковид-19.
- 5 лица од Скопје (51г,63г,68г,81г и 88г)
- 3 лица од Струмица (62г,74г и 88г)
- 2 лица од Битола (68г и 82г)
- Едно лице од Тетово (71г)
- Едно лице од Гостивар (80г)
- Едно лице од Струга (81г).
Од пријавените, 4 лица се починати во домашни, а останатите 9 во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.169, бројката на оздравени пациенти е 147.301, на починати е 5.369, а бројот на активни случаи изнесува 2.499.
