Постоперативното закрепнување на папата Лав XIV се одвива нормално, соопшти денеска Прес-службата на Ватикан, наведувајќи дека резултатите од утринските анализи на крвта и рендгенската снимка на белите дробови, направени по операцијата, се во очекуваните граници.
Во соопштението, кое го објавија лекарот Луиџи Карбоне и професорот Стефано Маргарита, началник на Одделението за торакална хирургија во болницата каде што бил опериран папата, се наведува дека наодите се во согласност со очекуваните вредности за видот на операцијата на која бил подложен папата, пренесува „Ватикан њуз“.
Папата денеска бил подложен и на респираторна физиотерапија, а почнал и да се движи и да шета низ својата соба, соопшти Прес-службата на Ватикан.
